РАЈ НА ДУШАТА.


Таму најгоре, убавина што не може да се опише и наслика…

Лазарополе е село што е второ по големина во малореканскиот предел, а воедно и едно од највисоките населени места во овој крај. Сместено е среде питомата природа на висорамнита на Бистра. На надморска височина од 1350 метри, со местоположба што делува малку затскриено од останатиот свет. Настанокот на името Лазарополе се поврзува со легендата која се одржува како предание селаните од Главино Село бегајќи од Турците се сокриле во пештерата Калина Дупка.

Негување на традиционалните вредности
Ова село родило особено вешти резбари, зографи и ѕидари-градители, кои заминувале на печалба во странство. Карактеристично за Лазорополе е и тоа што овде е изградена првата црква во малореканскиот крај во периодот на османлиската окупација. Црквата „Св. Ѓорѓија“ била осветена во 1841 година. Нејзиниот ентериер е првото самостојно дело на прочуениот Дичо Зограф.

Локалното население низ годините било познато по љубовта и дарбата за песната и орото. Биле ценети како ненадминливи во ороводството. Во таа насока, мора се спомене и познатото оро Тешкото, кое по својата убавина и тежина во играњето е нанадминливо. Со ова оро, фолклорните групи кои постоеле во Лазарополе, добивале значајни награди и признанија во речиси сите манифестации што се одржувале од овој вид. Особено е значајно учеството на фолклорната група Танец во Ланголен, што се смета за највисок дострел. Велат, ако видите некој млад човек како лесно и ритмично потскокнува на македонско оро, да знаете дека е од Мијачкиот крај.

map

ИСТАКНАТИ ДЕЈЦИ

Анте Поповски

Симон Дракул

Коста Солев Рацин